(ВИДЕО) Андоновски: Извештајот на ЕК констатира недостаток на напредок во 35 области

Од:

Има причина зошто Димитар Ковачевски повеќе би сакал да зборува за опозицијата, отколку за Извештајот на Европската комисија. Има причина зошто Бојан Маричиќ ќе зборува за собраниски процедури, од чиј надзор Владата бега, а нема да зборува за забелешките од Извештајот. Тоа е затоа што овој Извештај ја обелодени системската негрижа на владата за спроведување на реформите. На сите сега им е јасно дека кај владата во Македонија нема сериозна и суштинска посветеност на реформите за кои само зборуваат,изјави на денешната прес-конференција Стефан Андоновски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додава дека оценката на Европската комисија, во многу делови, е дека нема никаков напредок во спроведувањето токму на препораките од Комисијата во претходниот извештај. Тоа значи дека Владата воопшто не ги земала предвид препораките на Европската комисија. Извештајот го забележува повеќемесечно незакажување на седници за пратенички прашања во собранието што покажува евидентен страв од дебата во собранието, од надзор, од дискусија без клевети и навреди.

Андоновски истакна дека извештајот забележува и дека не е постигнат значителен напредок во однос на децентрализацијата на услугите и реорганизацијата на надлежностите меѓу централно и локално ниво. Според овој Извештај, деловното опкружување продолжува да биде закочено поради огромната присутност на неформалната економија и бавниот напредок во рационализацијата на парафискалните давачки.

– Очигледно е дека Владата е изгубена во просторот и времето. Затоа нема реформи и подобрување на состојбите. Областите каде се забелешките од ЕК за застој не зависат од потпишување договори кои значат капитулација. Тие зависат од напорна работа, борба со корупција, ефикасност и чесна посветеност. А реформите на општеството ни се потребни заради нас самите. Подобрувањето на состојбите не е заради ЕУ, туку е само заради Македонија. Затоа на Македонија и се потребни промени,изјави Андоновски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски