ЕУ: Фронтекс ги прикривал насилните враќања на мигранти извршени од грчката полиција

Од:

Вработените во Агенцијата на ЕУ за гранична и крајбрежна заштита (Фронтекс) биле вклучени во прикривањето на „пушбек“, односно грчката полиција присилно ги истуркувала од своја територија, се вели во извештајот на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ).

Грчката полиција насилно ги протерувала илегалните мигранти во Турција.

Во извештајот се наведува дека вработените во Фронтекс прикривале кршење на „фундаменталните права“ на луѓето и не успеале да ги истражат инцидентите и да постапат правилно.

Германските медиуми денеска го објавија извештајот на ОЛАФ од 120 страници.

„На овој начин тие ја попречија способноста на Фронтекс целосно да ги исполни своите должности, односно да обезбеди заштита и унапредување на основните права“, се наведува во извештајот.

Насилното враќање на луѓето преку меѓународна граница без да се проценат нивните права да аплицираат за азил или други форми на заштита ги прекршува и меѓународното и правото на ЕУ.

Истражителите на ОЛАФ го напишаа извештајот врз основа на медиумски извештаи, документи од Фронтекс, Европската Комисија и интервјуа со 20 сведоци.

„ОЛАФ, врз основа на доказите собрани во текот на истрагата, заклучува дека наводите се потврдени“, се вели во извештајот.

Фронтекс и грчката полиција засега не коментираат.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Македонија учесник во операција предводена од Фронтекс, пронајдени 505 украдени автомобили, 16 чамци и 2.000 украдени делови за возила

Катерина Ѓуровски

Почеток на заедничката операција со ФРОНТЕКС

Макрон до Пендаровски: Договорот со Фронтекс е доказ дека во ЕУ се почитуваат македонскиот јазик и идентитет

Талески: ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Договорот со Фронтекс во Собрание

Нуркачите немоќни, временските услови лоши: Хеликоптер на Фронтекс се вклучува во потрагата по детето од Херцег Нови

А1он

Фронтекс објави необична мапа: Русите масовно доаѓаат во ЕУ, но и се враќаат и во Русија

А1он