Кремљ соопшти дека неколку лица биле уапсени при, како што рече портпаролот Дмитриј Песков, обид за напад на гасоводот Турски тек на руска територија
– Сакаа да го кренат во воздух, изјави Песков пред новинарите. – Некои сили, за можното потекло на овие сили навести Путин, (…) веќе посегнаа и поо Турски тек. Фатени се саботерите, уапсени неколку луѓе. Сакаа да го кренат во воздух. На наша територија, на копно изјави денеска Песков.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно рече дека украинските власти се обидуваат да поткопаат една од делниците на Турски тек.
Русија вели дека ја засилува безбедноста на гасоводот Турски тек, кој носи руски гас во Турција, по необјаснети пукнатини на гасоводите Северен тек во Балтичкото Море и истекување нафта на гасоводот Дружба во Полска.
Извор: МИА