Тренчевска: Работиме на тоа сите граѓани во нашата држава да имаат еднаков пристап до социјалните услуги

Од:

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во текот на денешната посета на Македонски Брод заедно со директорот на Центарот за социјална работа, Синиша Радески направија увид на работата на Дневен центар за лица со пречки во телесниот и менталниот развој во с. Долни Манастирец, остварија средба со корисничка на услугата помош и нега во домот како и средба со згрижувачко семејство.

„Зорка Силјаноска е корисник на услугата помош и нега во домот која што својата негувателка ја опишува само со пофални зборови. Во таа насока се и овие мои посети на корисниците, сакам сама да се уверам кога корисникот зборува за задоволството од услугите кои ги спроведуваме“ рече Тренчевска.

Даниела Милеска е лиценциран негувател со завршена обука. Корисничката оваа услуга ја добива од јануари 2022 година. Во Македонски Брод има 10 лиценцирани негуватели кои се грижат за 24 корисници.

Тренчевска ги посети Илинка и Гоце Стојаноски во Македонски Брод кој што се згрижувачи 11 години.

„Македонски брод е уште познат како лидер на згрижувачките семејства, тоа го потврдуваат броевите. 37 згрижувачки семејства каде што се згрижени 52 деца. Семејството кое што го посетив денеска е пример за хуманост, Илинка и Гоце се личности кои со своите постапки се мотивација и за другите семејства да ги отворат своите врати и да згрижат деца“ изјави Тренчевска.

Посетата на Македонски Брод, Министерката за труд и социјална политика ја заокружи со Дневниот Центар за лица со пречки во телесниот и менталниот развој во с. Долни Манастирец. Центарот го посетуваат 9 корисници со тешка ментална попреченост, комбинирани пречки. Со нив работат еден негувател и еден специјален едукатор и рехабилитатор.

„Дневниот центар за лица со пречки во телесниот и менталниот развој тука во село Долно Манастирец е од особено значење. Ваквите центри не се потребни само во големите градови туку и во руралните средини. Работиме на тоа сите граѓани во нашата држава да имаат еднаков пристап до сите услуги кои ги нуди државата“ посочи Тренчевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати решенијата на СДСМ за намалување на цените и повеќе пари за граѓаните

(ВИДЕО) Тренчевска: Не само што нема за плати, со ребалансот ДПМНЕ крати пари и кај лицата со попреченост

Тренчевска: Со фенер да ги бараше понеспособни кандидати за заменици Мицкоски не можеше да најде

Предраг Петровиќ

Тренчевска се повлекува од функцијата претседателка на форумот на жени на СДСМ

Горан Наумовски

Тренчевска: Ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ за пензиите ќе го дестабилизира пензискиот систем

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он