„Look up!“ изложба на графики од Ертунч Сали

Од:

Изложбата на графики “Look up!” од Ертунч Сали ќе биде отворена на 18 октомври, во 20 часот во Културно-информативниот центар – Скопје.

Изложбата „Look Up!“ е составена од 20 графики и се изработени во техника линорез. Повеќето од графиките се комбинирани со други техники кои се неконвенционални за графика. Неговиот обид за кршење на правилата во графиката можеме да го набљудуваме во комбинирањето на офсетните бои со спреј бои. Тој со помошта на стенсилот го аплицира спрејот на графиките, како комбинирачка техника. Овој обид за традиционалните графичари е бласфемија, херетизам, но за отворените умови е една нова игра. Сепак резултатите – испечатените графики – не се на истата страна со традиционалистите, туку нудат нова визија. Тоа е суштината на целата изложба.

Роден во 1990 година во Скопје, Македонија. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, Македонија, како графичар и графички дизајнер. Своето студио го отворил во Скопје заедно со колегите од факултет, потоа познат како колектив Кула. Неговиот најголем придонес за културната сцена во Скопје беше да биде еден од основачите на колективот Кула и да организира многу културни настани (концерти, изложби, настани за храна и сл.) во Скопје, како и свои изложби.

Изложбата ќе биде отворена до 29.10.2022 година.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска