Турската полиција заплени 177 килограми експлозиви вчера при проверка на пикап возило на граничниот премин Јонџјупанар на турско-сириската граница, јави Си-Ен-Ен Турк.
Во автомобилот биле двајца сириски граѓани кои сакале да преминат во Турција.
Возачот и неговиот сопатник се приведени додека полицијата води истрага.