Резников: Со германскиот систем Ирис-Т, Украина почнува нова ера во воздушната одбрана

Од:

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников на Твитер објави дека Киев добил германскиот систем за воздушна одбрана Ирис-Т СЛМ, при тоа истакнувајќи дека „започна нова ера во воздушна одбрана“.

– Ирис-Т од Германија се веќе тука. Доаѓаат американски НАСАМС, напиша Резникот на Твитер.

Тој и се заблагодари на германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт за нејзината поддршка за Украина.

Германија првично ќе обезбеди на Киев четири од копнените системи од типот Ирис-Т вредни 140 милиони евра, а обезбедено е финансирање за уште три.

Системот се користи за одбрана од напади со хеликоптери, авиони, крстосувачки ракети или ракети. Ирис-Т СЛМ е подвижен и може брзо да ја промени својата локација откако ќе биде идентификуван од непријателот. Еден од овие системи може да заштити град со средна големина. Ирис-Т СЛМ може да погоди цели до 20 километри на надморска височина и на далечина до 40 километри.

Украинските војници се обучени за системот за противвоздушна одбрана.

Кога Украина ќе ги добие останатите три системи зависи од тоа дали Египет ќе се согласи да се пролонгира нивната испорака.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина