ВМРО-ДПМНЕ: Антикорупциска комисија го штити криминалот, Ковачевски треба да одговара за злосторничко здружување

Од:

Државната Комисија за спречување на корупција (ДКСК) ја презеде улогата да биде адвокатот на Ковачевски. Тие побрзаа предвреме да го амнестираат дезертерот Ковачевски од аферата „Броило“ тешка 26 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека ни постапка, ни аргументи ни факти не посочија, туку само посочија дека Ковачевски според нив не бил виновен.

„Ова отвора сомнеж дека ДКСК позната како антикорупциска комисија е само продолжена рака која го штити криминалот и ја амнестира корупцијата. После да не се чудат институциите за борба против корупција зошто огромно мнозинство од граѓаните не им верува. Но Ковачевски ги пушти низ вода и ДКСК и сите негови заштитници со признанието дека во време кога тој бил на функција исплаќана била финансиска помош на фирмата која тој ја основал, а која сега е во целосна сопственост на неговиот кум. Со ова тој практично ги потврди сите пресови на ВМРО-ДПМНЕ во кои зборувавме дека додека тој е на функција фирмата „Пиксел“ добивала пари од државата и вносни бизниси. Ако ова не е доволен сомнеж за судир на интереси и трговија со влијание за ДКСК, тогаш навистина Македонија е во ќор сокак со борбата против корупцијата“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ