На Македонец му се слошило додека нуркал кај Вис, починал пред да пристигне брзата помош

Од:

Денеска околу 11 часот во близина на островот Равник, на 500 метри од заливот Рукавац на Вис, на Македонец му се слошило додека нуркал, објавија хрватските медиуми.

Македонскиот државјанин починал откако му се слошило додека нуркал во областа Бриони кај Вис. Веднаш била испратена брза помош да интервенира, но нуркачот веќе бил починат, јавува Далмација данас.

Причината за смртта ќе биде позната по обдукцијата.

Областа Бриони кај Вис е меѓу најатрактивните области за нуркање во Јадранското Море, каде што доаѓаат многу нуркачки ентузијасти од странство.

Би можело да ве интересира

Три лица пронајдени починати во Скопје, наредени обдукции

Кривична пријава за дебранец кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците

Кривина пријава за жител на Пласница кој го отшетил возот „Ќиро“

Професор истепал ученичка во средо училиште во Кичево

Го тепал, го принудувал орално да го задоволува и да користи дрога – кумановец киднапирал сограѓанин

Тетовец силувал 15-годишно девојче, мајка и молчела поради љубовна врска со него