Тешка сообраќајна несреќа во Чаир, загина 79-годишна жена

Од:

79-годишна жена од Скопје загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Чаир. Починатата била сопатничка во едно од возилата кои се судриле.

– На 10.10.2022 во 09.41 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Македонско- косовска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“, управувано од Н.А.(30) од Скопје и патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од З.З.(21) од с.Визбегово, скопско, двете со скопски регистарски ознаки. Од здобиените повреди на местото на несреќата починала сопатничката во возилото „опел корса“, А.Е.(79) од Скопје информираат од Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

Откриена нелеглана плантажа на канабис во Струмичко