Митилинеос – Когенеративна постројка Скопје“ доби статус на стратешки инвестиционен проект

Од:

На седница на Валдата денеска е донесена одлука за утврдување статус на стратешки инвестиционен проект, за проектот „Митилинеос“ Когенеративна постројка Скопје“ на Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија Митилинеос ДООЕЛ Скопје.

Вредноста на инвестицијата се предвидува да биде 211 милиони евра и според предвиденото, се состои од постројка за електрична енергија (со моќност 90-105 MW) и топлинска енергија (со моќност од 135-150 MW). Годишното производство на електрична енергија се очекува да изнесува околу 1.150 GWh и околу 275 GWh топлинска енергија, коишто, се очекува да бидат испорачани во соодветните енергетски ситеми (МЕПСО и системот за пренос на топлина на Град Скопје).

Одлуката на Владата е донесена по објавен Јавен повик од страна на Владата на Репувлика Северна Македонија, на 31.01.2022 година, за поднесување барање за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект и по соодветно разгледување на поднесеното барање, од страна на Комисијата за стратешки инвестициони проекти.

Би можело да ве интересира

Владината коалиција е стабилна и цврста, дали ЛДП би биле дел од владината коалиција се уште не е разговарано, вели Мицкоски

Власта и општините не крателе од плати и патни трошоци туку од граѓаните за да ги покријат расходите во кризата

Факиќ: Заради покривање на енергетската криза грѓаните се оштетени за 220 милиони евра

МФ: Обезбедени 100 милиони евра од ЕБОР за поддршка за справување со енергетската криза

Завршува грејната сезона и кризната состојба во енергетиката

Владата фатена во лага, не субвенционира 73% од сметките за струја, тврди ВМРО-ДПМНЕ