Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, денеска изјави дека Србија е во специфични околности кога станува збор за воведување санкции против Русија, главно поради нејзината голема зависност од руските енергетски извори, пренесува РТВ.
„Да беше само до нас, а не до Србија, ние би рекле дека мора да се приклучите на санкциите, но разбираме дека има конкретни околности за Србија“, рече Хил како одговор на прашањето како ЕУ санкциите против Русија би можеле да се одразат на Србија доколку таа не донесе одлуки побрзо.
На прашањето за решавање на косовскиот проблем, Хил рече дека без разлика дали е во овој или следниот век, „Србите кога ќе се разбудат ќе видат дека Албанците го земале Косово за себе“ и затоа, како што рече, се надева дека во меѓувреме ќе се постигне нормализација за да се продолжи со работите кои се важни.
Хил оцени дека западните земји бараат од Белград и Приштина да се држат до процесот на дијалог и да се обидат да ги намалат тензиите и да создадат простор меѓусебно да разговараат за да постигнат нормални односи.