Граѓаните на Киев стравуваат дека Русија од утрово би можела да го повтори нападот, поради што голем број од нив решиле да не се вратат во своите домови, туку да останат безбедни до понатамошно известување – на железничките станици лоцирани под земја.
На видеата кои се појавија на социјалните мрежи може да се видат десетици луѓе со торби во кои има најосновни работи, кои набрзина ги однеле од дома.
Kiyev metrostansiyaları yenə sığınacaq kimi istifadə edilir pic.twitter.com/x07cAT3R7w
— APA İnformasiya Agentliyi (@APA_agentliyi) October 10, 2022
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Украинците го победуваат стравот со песна и пеат гласно на една од станиците.
People sing #Ukrainian songs in the #Kyiv metro. pic.twitter.com/bcGyIvCOKW
— NEXTA (@nexta_tv) October 10, 2022
Инаку, експлозиите почнаа околу 8 часот и 30 минути изутрината. Експлозиите не ги заобиколија ниту другите украински градови – Житомир, Днипро, Тернопил, Лавов, Запорожје, Харков и Одеса.