ВИДЕО: Русите гаѓаа мост кој беше симбол на пријателство меѓу двете земји, врз едно лице падна проектил

Од:

Главниот град на Украина и многу други градови се под ракетен напад, објави денеска заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Кирило Тимошенко, повикувајќи ги луѓето да останат во засолништа.

На социјалните мрежи се шири видео снимка на која се гледа како лице поминува на Кличковиот мост во Киев во моментот на нападот. Се гледа силна експлозија.

Може да се види и како отпадот од експлозијата паѓа врз тоа лице, кое се засолнило покрај оградата, а потоа побегнало. Според „The Guardian“, се уште не е можно самостојно да се потврди автентичноста на снимката.

Мостот се наоѓа во близина на плоштадот Мајдан во самиот центар на градот.

Видеото го објави и Виталиј Ким, шеф на регионалната воена администрација во Миколаев.

Лакот на слободата на украинскиот народ е споменик од  7 ноември 1982 година, по повод 60-годишнината од СССР и 1.500-годишнината од Киев. Скулптурата под лакот, која претставува Украинец и руски работник како стојат заедно, беше демонтирана во април оваа година поради руската инвазија на Украина.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ