Обвинителката нема да се откаже, ќе бара казна за битолчанецот кој смртоносно го застрела зетот

Од:

Битолската обвинителка нема да се откаже и ќе бара казна за битолчанецот кој го уби зетот, а за кое дело Основниот суд донесе ослободителна пресуда. Судечкиот совет констатираше дека битолчанецот Тони Ѓорѓевски Фердо не е виновен, бидејќи убиството го сторил во нужна самоодбрана.

„Одлуката ќе биде донесена откако ќе биде проучено образложението на пресудата. Најверојатно, ќе следи жалба на пресудата“, велат од Обвинителството за „А1он“.

Обвинителката, според најавата, треба да поднесе жалба до Апелациониот суд во Битола. Второстепените судии ќе треба да ја преиспитаат одлуката на нивните колеги од Основниот суд. На што точно ќе се однесува жалбата, засега не се знае.

Јове Ѓоргиевски, син на ослободениот Тони Ѓоргиевски – Фердо, објави дека пресудата е исправна.

„Конечно судот по осум месеци донесе правилна пресуда, ослободителна за мојот татко. Тој е конечно слободен, фала ви на сите за поддршката“, вели Јове Ѓоргиевски, син на Тони Ѓоргиевски – Фердо.

Неговото семејство додека траеше истрагата организираше и протест, на кој бараше слобода за битолчанецот.

„Осомничениот, на 21 февруари, со умисла го лишил од живот неговиот зет за ќерка. Според првичните сознанија, сега починатиот, вооружен со долг нож, започнал да удира со клоци по дрвената влезна врата од домот на осомничениот и ја скршил. Штом влегол во домот, во претсобјето бил пречекан од осомничениот кој пукал директно во него со пиштол „Бајкал” што го поседувал со дозвола. Го застрелал со два последователни истрели, па оштетениот веднаш паднал и починал на лице место“, се наведуваше во соопштението од Обвинителството.

Семејството на Ѓоргиевски, кој се товареше за убиство, и јавно говореше дека 20 години имале проблем со сега покојниот зет. Тие сведочеа дека пријавувале во полиција, социјални служби – но тоа било залудно. Убиениот рано наутро упаднал во домот на таткото на неговата поранешна сопруга и ѝ се заканувал држејќи во рацете мачета. Таткото во тој момент го извадил оружјето и пукал, по што неговиот поранешен зет починал.

Би можело да ве интересира

Телото на исчезнатиот 77-годишен велешанец пронајдено во близина на ТИРЗ Штип

Катерина Ѓуровски

Во тепачка за паркинг, скопјанец заврши на Клинички

Катерина Ѓуровски

Срби се истепале пред ноќен клуб во Охрид

Петмина дрвокрадци од Штип нападнале полицајци, двајца повредиле

Обид за убиство во Мирковци, осомничениот е во притвор

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Кај 27-годишен драчевец пронајдени над четири килограми дрога