ЛДП: Јанкулоска итно да си поднесе оставка

Од:

Со потпишувањето на денешниот извештај, сите одлуки на Собранието донесени на 24 декември се невалидни и вон закон. Буџетот на Република Македонија за 2013 е нелегален и потребно е повторување на процедурата за неговото усвојување, а исполнети се сите услови за итна оставка на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, согласно Уставот и законите на Македонија, се вели во писменото соопштение до јавноста од Либерално демократската партија.

„Со потпишувањето на извештајот на експертската комисија за настаните во Собранието од 24 декември ВМРО-ДПМНЕ конечно го призна грубото кршење на Уставот, изразено преку интервенцијата на полицијата, како дел од извршната власт, врз функционирањето на законодавната власт“, нагласуваат Либералдемократите.

Од партијата велат дека факт било оти е причинето грубо малтретирање, понижување и исфрлање на присутните новинари од галеријата на Собранието, што представува прекршување на загарантираните права за слободата на јавното информирање и јавност на работата на Собранието, што повлекува исто така кривична одговорност, потенцираат либералдемократите.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство