Едно лице загина, шест се ранети во престрелка во Флорида

Од:

Едно лице е убиено, а шест се ранети во пукање пред бар во центарот на градот Тампа во американската сојузна држава Флорида, соопшти денеска полицијата.

Според извештаите, инцидентот се случил околу три часот наутро по локално време, кога две групи луѓе започнале тепачка во кафеана, а потоа конфликтот го продолжиле надвор, каде имало и пукање, пренесе АП.

Се додава дека во престрелката е убиен еден маж, а шест лица се префрлени во болници со повреди кои не се опасни по живот.

„Ова е бесмислено насилство. Нема причина некој да го загуби животот поради тепачка во бар“, рече началникот на полицијата во Тампа, Мери О’Конор, додавајќи дека напорно работат на следење на трагите и откривање на одговорните.

Би можело да ве интересира

Во Флорида не помина предлогот за вклучување на абортусот како уставно право

Милиони загрозени, се повеќе настрадани во Флорида

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Еден од најголемите урагани на овој век помина низ Флорида, тројца мртви, милиони без стуја

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Американец веслаше низ дневната соба откако помина ураганот Хелен

Ајкули нападнале три лица на Флорида за еден ден

Се преврте автобус со работници на Флорида, осум мртви, 45 повредени