Ван дер Белен е победник на претседателските избори во Австрија

Од:

Актуелниот претседател Александар Ван дер Белен е победник на неделните претседателски избори во Австрија, според првите проекции објавени по затворањето на гласачките места. Според првите излезни анкети, овој 78-годишен независен кандидат освои 54,6 отсто од гласовите и е далеку пред другите шест кандидати.

Официјалните изборни резултати ќе бидат објавени во понеделник.

Доколку актуелниот претседател освои повеќе од 50 отсто од гласовите, Австрија ќе избегне втор круг на гласање. Право на глас имаа околу 6,4 милиони луѓе од вкупно девет милиони жители во Австрија.

Поранешниот лидер на Зелените се кандидираше како независен кандидат. Но, тој има експлицитна или имплицитна поддршка од најголемите австриски партии, освен екстремно десничарската Партија на слободата (FPOe).

Претседателската функција, со мандат од шест години, е главно свечена во Австрија.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник