Доделена државната награда „Мајка Тереза“

Од:

Државната награда „Мајка Тереза“ денеска во „Порта Македонија“ им беше врачена на годинашните добитници: сликарот, хуманист и новинар Живко Поповски – Цветин и на Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје.

Традиционално државната награда „Мајка Тереза“ секоја година се доделува за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човековата солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Претседателот на Одборот за доделување на наградата „Мајка Тереза“ академик Витомир Митевски истакна дека при изборот на годинашните добитници, најмногу внимание посветиле на тоа кои од кандидатите вистински би ја продолжиле хуманата мисија на Мајка Тереза.

– Кога решававме кој да ја добие годинашната награда, баравме кои од кандидатите се најблизу до тој стремеж, до вредностите кои ни ги остави Мајка Тереза, рече академик Митевски.

Добитниците истакнаа дека наградата за нив претставува огромна чест, но и поттик за уште похумани дела во иднина.

– Во име на Живко Поповски – Цветин и во мое лично име, би сакал да се заблагодарам на надлежните институции и сите индивидуалци кои одлучија да ни го доделат ова значајно признание. Оваа висока државна награда претставува чест, задоволство, но и потстрек за наши понатамошни активности кои би биле во знакот на вредностите коишто особено се ценат кај луѓето, а тоа се хуманоста, човековата солидарност, меѓусебното разбирање, а во исто време и почитување на различностите кај луѓето. Тоа се вредности со кои јас сум бил воспитуван и кои се трудам да ги пренесам на моите деца. Помагањето на луѓето на кои им е потребна помош, нема да осиромаши никого. Напротив, ќе не направи побогати за едно убаво искуство, а тоа е сознанието дека сме направиле добро дело, изјави Мукаетов.

Тој истакна дека паричниот надомест кој му следува како добитник на оваа државна награда, во износ од пет просечни месечни плати во Македонија, ќе го донира за набавка на работни материјали во Заводот за рехабилитација на деца и младинци „Св. Климент Охридски“ од Скопје.

Би можело да ве интересира

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!

Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Ана Ололовска

Хуманитарна иницијатива „Ride4Women“

Ана Ололовска

Хуманоста победи, Сара се врати дома жива и здрава

Ана Ололовска