Руски нуркачи го испитуваат мостот на Крим по експлозијата

Од:

Руските нуркачи денеска од морето го испитуваат мостот на Крим, клучна инфраструктура што ја поврзува Русија со анектираниот полуостров на Црното Море, кој беше оштетен во голема експлозија во саботата наутро.

Локалниот функционер Марат Хуснулин изјави дека првите резултати од подводното тестирање се очекуваат денеска.

Патниот и железничкиот сообраќај продолжи во саботата неколку часа по експлозијата која оштети дел од мостот. Мостот беше отворен во 2018 година од страна на рускиот претседател Владимир Путин.

Руското Министерство за транспорт денеска соопшти дека патничките возови од Крим до Русија сообраќаат според вообичаениот возен ред.

Помеѓу копното Русија и полуостровот се поставени и траекти.

Руските власти објавија дека во експлозијата на камион-бомба, во сопственост на жители на руската област Краснодар, загинаа три лица.

Русија не ја обвини Украина за нападот, а украинските власти не презедоа одговорност.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нападнат е Кримскиот мост

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим

ВИДЕО: Русите објавија снимка како Германците наводно планираат напад на Кримскиот мост

Предраг Петровиќ

Русија го брани кримскиот мост со „стратегија стара 200 години“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Над Кримскиот мост облаци од чад, пресретнати два проектили

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Путин се прошета преку мостот на Крим, гранатиран во октомври

Ана Ололовска