Претставник на украинската влада, кој сакаше да остане анонимен, изјави за Вашингтон пост дека украинските специјални служби стојат зад нападот на мостот на Крим.
Украинскиот портал Правда прв ја објави наводната улога на украинската влада во експлозијата и цитираше неидентификуван функционер дека во експлозијата на мостот учествувала украинската разузнавачка служба СБУ.
Најмалку три лица загинаа во експлозија на камион на мостот што ги поврзува Крим и Русија, соопшти рускиот истражен совет.
Се претпоставува дека тоа се сопатниците на автомобилот кој бил покрај камионот што експлодирал. Телата на двете жртви, маж и жена, веќе се извадени од водата и се утврдува нивниот идентитет. Инспекторите, исто така, утврдија детали за камионот и неговиот сопственик. Возилото е регистрирано во јужниот руски регион Краснодар и се бараат информации за сопственикот.
Русија подготви една лента од мостот за сообраќај, па сообраќајот кон и од Крим се одвива наизменично, но товарните возила и возовите нема да можат да минуваат низ мостот.
Станува збор за мост кој ја поврзува Русија со окупираниот украински полуостров Крим.
Михајло Подљак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, утринава објави за експлозијата на мостот. Подољак напиша дека тоа е „почеток“, но не напиша дека Украина е директно одговорна за експлозијата на мостот на Крим.
„Ова е почеток. Сè што е нелегално мора да биде уништено, а сè што е украдено мора да се врати во Украина. Се што е окупирано од Русија мора да биде протерано“, напиша Подољак на Твитер.