Новиот дефанзивец на Манчестер сити, Мануел Аканџи не е само талентиран фудбалер, туку е вистински математички гениј, откако во живо пресметуваше комплексни операции на множење.
27-годишниот швајцарски репрезентативец, за кој тимот на Пеп Гвардиола плати 15 милиони фунти на Борусија Дортмунд досега има четири настапи за Сити и објаснува дека умешноста да пресметува ја добил благодарение на својот наставник по математика.
Извор: Топспорт