Русите се во „експрес лонец“: Украинците со нова полициска тактика „виновна“ за успехот на контраофанзивата на Киев

Од:

Тактиката што ја користат Украинците при ослободувањето на населбите во Донбас се нарекува „кетлинг“ – опкружување и контролирање поголема група луѓе. Со помош на оваа тактика, градот Лиман бил вратен назад. Имено, украинските војници го опколиле градот, а непријателските сили немале друг избор освен да се предадат.

Оваа тактика е овозможена поради фактот што украинските градови и села во Донбас се достапни само со кривулести патишта, а окупаторските сили, кои не се премногу запознаени со теренот, се во крајно ранлива позиција бидејќи не знаат за алтернативни правци.

Портпаролот на украинската војска Сергеј Черевати изјави дека „речиси сите логистички правци до Лиман се под украинска контрола“.

Патем, терминот „kettleling“ во полициската терминологија значи начин на сузбивање на немирите како што се демонстрации и ставање под контрола на маса луѓе, а тоа се случува кога полицијата ги блокира улиците и ги принудува демонстрантите на ограничен простор, на пример на мост или во затворена улица.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица