Најмалку две гранати паднаа до хотелот во Дамаск во кој е сместен тимот инспектори на ОН

Од:

Најмалку две гранати паднаа денеска во богат кварт во центарот на Дамаск, каде се наоѓа хотелот во кој е сместен тимот инспектори на Обединетите нации што ги истражува тврдењата дека режимот на претседателот на Сирија, Башар ал Асад употребил хемиско оружје.

Според очевидци, една од гранатите паднала во близина на хотелот „Фор сизнс“, каде се сместени експертите на ОН.

Сириските државни медиуми соопштија дека гранати се од локално производство и оти се истрелани од терористите, термин кон сириските власти го користат за бунтовниците. Според сириските медиуми во нападите се ранети три лица.

Инспекторите на ОН го напуштија денеска хотелот и се упатија кон предградието на Дамаск, за кое се тврди дека било цел на напад со хемиско оружје минатата недела. Тимот се состои од повеќе експерти и е предводен од Швеѓанецот Еке Селстром.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија