САД не планираат да ја променат својата политика на санкции против Венецуела „без конструктивни чекори“ на претседателот Николас Мадуро за враќање на демократијата.
-Политиката кон Венецуела останува непроменета. САД продолжуваат да ги спроведуваат санкциите, рече портпаролката на Советот за национална безбедност на САД, Адриен Вотсон.
Оваа изјава дојде откако весникот „Волстрит журнал“ објави дека Вашингтон се подготвува да ублажи некои санкции кон Венецуела, со цел да и дозволи на американската енергетска корпорација „Шеврон“ да продолжи со производството на нафта во оваа земја.
Весникот објави дека во замена за олеснување на санкциите, владата на Мадуро ќе продолжи со разговорите со опозицијата во земјата за да се договорат условите потребни за одржување слободни и фер претседателски избори во 2024 година.
Извор: МИА