Гардијан: Бајден не ја исклучува можноста за средба со Путин на самиот Г-20 на Бали

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека не ја исклучува можноста за средба со рускиот колега Владимир Путин за време на самитот на Г-20, што следниот месец ќе се одржи во Индонезија.

-Ќе видиме, им рече Бајден на новинарите на прашањето дали ќе го искористи состанокот на Г-20 во Бали, како можност директно да разговара со Путин, јави Гардијан.

Меѓутоа, засега остануваат непотврдени плановите за патување на двајцата лидери на самитот, а Белата куќа соопшти дека доколку Путин присуствува на Г-20, тогаш треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, дури иако Украина не е членка на групата.

Гардијан пишува дека се уште не е познато дали Путин ќе присуствува на самитот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

Бајден на историски најниско ниво со поддршка од 38,7 отсто

Путин: Рускиот БДП би можел да порасне за повеќе од три отсто до крајот на годината

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми