Ковачевски – Пленковиќ: Силна поддршка на Хрватска за евроинтегративниот процес на С. Македонија

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски одржа билатерална средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Прага во рамки на првата средба на Европската политичка заедница.

Како што информираат од Владата, на средбата двајцата премиери дискутирале за предизвиците околу светската енергетска криза, предизвикана од воената агресија врз Украина, европскиот пат на Северна Македонија, како и важноста на почетокот на пристапните преговори.

Пленковиќ истакна дека Хрватска е подготвена да продолжи да ѝ помага на Северна Македонија во реформите и во исполнување на потребните услови за членство во ЕУ.

Премиерот Ковачевски го нагласи задоволството од добрите економски односи меѓу Хрватска и Северна Македонија и истакна дека во пријателска Хрватска имаме искрен партнер, традиционален поддржувач на нашите аспирации за интегрирање во европското семејство.

Двајцата се согласија дека само заеднички и со интензивирање на регионалната соработка можеме да ја пребродиме светската енергетска криза, се наведува во соопштението на Владата.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ

Ковачевски: Не е точно дека со ДУИ договараме бојкот на изборите на 8 мај

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Денеска е првиот чекор кон големата одлука

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Закани и блокади не враќаат назад во минатото, никој не смее да си поигрува со иднината на државата

Ковачевски: Македонија, нема повеќе време за чекање, нема откажување од иднината