Ковачевски – Мицотакис: Заедничките стратешки проекти се од голема важност за долгорочната енергетска независност

Од:

Претседателот на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачевски оствари билатерална средба со грчкиот колега Киријакос Мицотакис, во Прага.

Ова е втора средба која се случува по само неколку недели, кога премиерот Ковачевски и владината делегација беа во Атина на средби со грчката влада предвoдена од премиерот Мицотакис на која меѓу другото беше договорено непречено снабдување со лигнит и јаглен којшто доаѓа од рудниците во Грција.

Како што информираат од Владата, за време на разговорот двајцата премиери уште еднаш ја потенцирале важноста од соработката во енергетскиот сектор, за која се согласија дека има голем потенцијал, ако се земат предвид заедничките проекти за изградба на терминалот за течен нафтен гас во Александруполи, како и гасното поврзување помеѓу двете земји.

Заедничките енергетски проекти се од значење за Република Северна Македонија како нови извори за снабдување со гас како поеколошки и поевтин енергенс, како и од можноста да стане регионален центар за понатамошен транзит и дистрибуција на гасот на земјите од регионот, се додава во соопштението на Владата.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ

Ковачевски: Не е точно дека со ДУИ договараме бојкот на изборите на 8 мај

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Денеска е првиот чекор кон големата одлука

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Закани и блокади не враќаат назад во минатото, никој не смее да си поигрува со иднината на државата

Ковачевски: Македонија, нема повеќе време за чекање, нема откажување од иднината