(ВИДЕО) Незадоволни мобилизирани Руси ги повикаа властите: „Ќе има ли плати за нас“

Од:

Група Руси од областа Омск во југозападна Русија јавно ги повикаа властите да им платат на оние кои се мобилизирани. Скај њуз наведува дека ова е ретко видео кое го покажува незадоволството на мобилизираните Руси.

Во видеото објавено од порталот СОТА, група мобилизирани мажи велат дека ги оставиле своите семејства дома за да се приклучат на мобилизацијата на Путин, која беше најавена минатиот месец.

Човек во воена униформа на видеото вели: „Имаме прашање. Прво – ќе има ли плати за оние што се мобилизирани? Зборувам за материјалната помош што им е потребна на нашите семејства, тие треба да јадат. Тие може да не испратат одовде и не знаеме што ќе биде со нас. Тоа е нашето прво прашање бидејќи знаеме дека во другите региони плаќаат мобилизирани и се е стабилно“.

„Се разбира, се надеваме на најдоброто и подготвени сме да одиме. Тука сме, поддржувајте не нас и нашите семејства“, вели мобилизираниот Русин.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ