Саудискиот министер за енергетика, Абдулазиз бин Салман ал Сауд не дозволи на новинар на Ројтерс да му постави прашање за време на прес конференција во Виена, лут поради измислените стории што ги објавува агенцијата во врска со неговата земја.
Истиот министер кој во два претходни наврати разговарал со новинари на Ројтерс, а Ројтерс не пренел ништо од тоа што тој кажал, обвини дека си пишуваат свои приказни.
Затоа министерот реши дека нема трет пат да разговара со претставник на агенцијата.