Најмалку 34 лица се убиени во масовно пукање во североисточна тајландска провинција, изјави портпаролот на полицијата.
„Има најмалку 20 мртви, но информациите се уште пристигнуваат“, изјави за Ројтерс заменик-портпаролот на полицијата Архон Краитонг.
Пукањето се случило во градинка во Нонг Буа Ламфу.
Полицијата соопшти дека меѓу убиените има и деца и дека сторителот е поранешен полицаец.
Според последните информации напаѓачот се самоубил јавува Ројтерс.