75 нови случаи на Ковид-19, двајца починати

Од:

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 745 тестови, а регистрирани се 75 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 52, Куманово, Прилеп и Велес – по 3, Гевгелија, Неготино и Берово – по 2, Битола, Тетово, Кавадарци, Охрид, Гостивар, Струмица, Свети Николе и Кратово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (75), регистрирани се 23 реинфекции.

Регистрирани сe 94 оздравени пациенти од: Скопје – 47, Битола – 11, Прилеп – 7, Ресен – 6, Куманово – 5, Штип – 4, Кичево и Радовиш – по 3, Тетово – 2, Кавадарци, Велес, Гостивар, Неготино, Богданци и Пехчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, не е регистрирано починато лице. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се две починати лица од Скопје (56г) и Кавадарци (84г), починати во период од 21.09 до 02.10 2022, лицата се починати во домашни услови.

Направени се 745 тестови: ИЈЗ-133, ЦЈЗ Скопје-62, ЦЈЗ Битола-18, ЦЈЗ Прилеп-11, ЦЈЗ Тетово-6, ЦЈЗ Куманово-22, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, Институт за микробиологија–59, Жан Митрев (Филип Втори)-3, Авицена-21, Биотек-11, Систина-7, лабораторија Лаор-4, Синлаб-4, Ремедика-14, Плодност-2, Генеа-1, Никоб Лаб-16, ВФВ Медикал-3, Ели Медика Плус-3, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–2, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 334.

Досега во земјата се направени вкупно 2.164.862 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.143, бројот на оздравени пациенти е 333.158, на починати е 9.539 а бројот на активни случаи изнесува 446.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски