Со исплатата на септемвриската плата, вработените во основното и средното образование ќе добиваат за 15 отсто повисоки месечни примања. Од вкупно 32.500 вработени во основното и средното образование кои добиваат повисоки плати, 25.000 се наставници, а покачувањето изнесува просечно по 3.000 денари. Со последното зголемување, СДСМ за само пет години ги покачи платите за 36 отсто, што е повеќе од една третина рече на прес конференциија пратеничката на СДСМ Даниела Колева.
– Покрај платите, СДСМ инвестира и во унапредување на условите за работа на наставниот кадар. Досега, реконструирани или изградени нови се 80 објекти на основни и средни училишта низ целата држава. Истовремено, Владата предводена од СДСМ донесе одлука објектите на основните и средните училишта да се префрлат на регулираниот пазар на електрична енергија што значи помали сметки за струја и непречено одвивање на наставата со физичко присуство низ целата грејна сезона вели Колева.