Крим да и припадне на Русија, Украина да остане неутрална – дел од точките во предлогот на Илон Маск за мир

Од:

Елон Маск на Твитер објави предлог решение за крај на војната во Украина. Тој објави и анкета во која ги прашува своите следбеници дали се согласуваат со него.

„Украинско-руски мир:

– Повторете ги референдумите на припоените региони под надзор на ОН. Русија ќе си замине ако тоа е волјата на народот.

– Крим формално е дел од Русија, како што беше од 1783 година (до грешката на Хрушчов).

– Водоснабдувањето на Крим е обезбедено.

„Украина останува неутрална“, напиша Маск.

„Ова е веројатниот исход на крајот. Прашање е само колку луѓе треба да умрат пред тоа“, напиша Маск, додавајќи дека еден од можните исходи е нуклеарна војна. За предлогот на Маск досега гласале речиси 760.000 луѓе. 60 отсто од нив не се согласуваат со неговата идеја, според која Украина е должна да биде неутрална, а Крим е руски.

Експресно му одговори Михајло Подољак, советникот на украинскиот премиер Володимир Зеленски.

„Илон Маск, еве подобар мировен план.

1. Украина ги ослободува своите територии, вклучувајќи го и анектираниот Крим.

2. Русија прави демилитаризација и задолжителна денуклеаризација за да не може повеќе да биде закана за другите.

3. Воените злосторници одат на меѓународниот суд.

Ајде да гласаме?“, напиша Подољак.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ