Одѕивот на гласачите во Бугарија е за 3 до 5 отсто помал во споредба со последните парламентарни избори во ноември 2021 година, изјави за БНТ социологот Борјана Димитрова од „Алфа Рисрч“.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Димитрова, ова е резултат и на агендата на народот и нивните грижи, но и на пораките на политичарите кои не излегле во пресрет на овие грижи и проблеми.
Заморот и апатијата, како и немањето надеж зборуваат сами за себе, коментира и таа.
Социологот на Галуп Канчо Стојчев коментира дека нема драма во одѕивот на гласачите – бројот на гласачи се намалил за околу 150.000 лица помалку. Според него, гласачите во Бугарија го казниле „Продолжуваме со промената“.
Извор: МИА