Шефот на агенцијата за нуклеарно набљудување на ОН повика на ослободување на главниот директор на нуклеарната централа Запорожје под руска окупација.
Ихор Мурашов е уапсен од руската патрола во петокот, соопшти во саботата државната компанија задолжена за нуклеарната централа. Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека неговото притворање претставува безбедносна закана.
IAEA has been in contact w/ relevant authorities seeking clarifications on temporary detention of #Ukraine #Zaporizhzhya NPP Murashov; detention has very significant impact on the individual & the 7 nuclear safety & security pillars, @RafaelMGrossi said. https://t.co/KYluTWhsfZ pic.twitter.com/oPQQuHiSX8
— IAEA – International Atomic Energy Agency (@iaeaorg) October 1, 2022
Агенцијата објави на Твитер доцна во саботата: „Генералниот директор на МААЕ Рафаел Гроси изрази надеж дека г-дин Мурашов безбедно и брзо ќе се врати кај своето семејство и дека ќе може да ги продолжи своите важни функции во објектот“.