Во Бугарија денеска се спроведуваат нови парламентарни избори, четврти за 18 месеци

Од:

Во Бугарија денеска се оддржуваат нови предвремени парламентарни избоир, четврти во последните две години.

Изборниот ден почна во 7 часот утринава, а ќе заврши во 20 часот, не подоцна од 21 часот, доколку има гласачи кои не го оставриле своето гласачко право а биле пред избирачките места, јави дописникот на МИА од Софија.

На овие четврти парламентарни избори во Бугарија во последните 18 месеци учествуваат 29 партии и коалиции. Право на глас имаат 6.600.000 граѓани.

Според сите набљудувачи на политичките процеси во Бугарија, излезноста на гласачите ќе биде клучна. Први гласаа бугарските државјани во Австралија и Нов Зеланд, а последни ќе гласаат Бугарите во Сан Франциско и Калифорнија, САД, што ќе биде шест часа по затворањето на избирачките места во Бугарија.

Ова се трети парламентарни избори на кои се гласа и машински, а државата обезбеди 9369 гласачки места со гласачки машини. Во 2.785 гласачки места ќе се гласа со традиционалните гласачки ливчиња. Бројот на машини за Бугарија е 10.474, покажуваат податоците на Централната изборна комисија на Бугарија.

Во 62 семји низ светот Бугарите ќе гласаат во 755 гласачки места. Во Турција има најмногу -166 избирачки места, во Северна Македонија бројката е поголема од претходните избори – седум, откако гласачко место за првпат беше отворено и во Велес.

Техничкиот премиер Голуб Донев веќе гласаше и притоа кажа дека гласал за тоа новото Народно собрание да има стабилно парламентарно мнозинство.

Христо Иванов, копретседателот на „Демократска Бугарија“, изјави дека на неговата земја и е потребна вистинска, храбра, реформска влада која може да се справи со предизвиците со кои се соочува. Тој додаде дека нивните приоритети и политики се против Владимир Путин и неговата агресија во Украина и се за разумна даночна политика и судски реформи во Бугарија.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски