Претседателот на САД денеска објави вонредна ситуација во Јужна Каролина, неколку часови пред плиближувањето на ураган Ијан до Чарлстон, што се очекува во пладневнитее часови.
Од Белата куќа изјавија дека ќе распоредат федерална помош како дополнение на одговорот на локалните напори.
Националниот центар за урагани предупреди за „животно опасни поплави, наплив од бура и силни ветришта“ во Јужна и Северна Каролина.
По разурнувачките неколку денови на ураганот, властите во Флорида во меѓувреме ги санираат нанесените штети од невремето посебно во западниот дел на Флоирида.
Извор: МИА