Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска го оцени како „апсурдно“ и „срамно“ тврдењето на рускиот претседател Владимир Путин дека Западот стои зад саботажите врз гасоводите „Северен тек“.
„Навистина немам што да кажам за апсурдното тврдење на претседателот Путин дека ние, или други партнери или сојузници, се некако одговорни за ова, рече Блинкен.
Тој, исто така, ги осуди „срамните кампањи за дезинформации“ на Москва.
Извор: МИА