Велика Британија никогаш нема да ја прифати руската анексија на четирите украински региони, изјави денеска британската премиерка Лиз Трас.
Таа го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека насила сака да ги смени меѓународните граници.
– Велика Британија никогаш нема да ја игнорира суверената волја на овие народи и никогаш нема да ги прифатиме регионите Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје како што било друго, освен како украинска територија, подвлече Трас.
Британската премиерка истакна дека не може да се дозволи „Путин насила да ги смени меѓународните граници“.
– Ќе се погрижиме да ја изгуби оваа нелегална војна, нагласи Трас.
Извор: МИА