Како на дете во ран детски развој СДС му напишаа упатства како да се однесува на говорница, а потоа и сам призна дека е неспособен рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПОНЕ ДРаган Ковачки покажувајќи текст за кој рече дека е говрот на премиерот кој партијата го испратила како соопштение но заборавила да ги избрише напатствијата во загради.
-Дезертерот Ковачевски буквално мора да добие инструкции каде во салата седат неговите пратеници и на која страна треба да ја крене раката. Како да се работи за нов терен, кој што неспособниот Ковачевски не го познава и допрва треба да го осознае. Тој вчера од говорница и сам призна дека навистина е неспособен. Но избега да каже кога ќе си поднесе оставка. Сега откако призна, а бега од оставка, треба да се утврди дали е способен да ја извршува функцијата премиер, со поведување на постапка за одземање на деловната способност. Доколку пак постапката утврди дека е способен, тогаш се враќаме на почеток дека Ковачевски лажел и дијагнозата трајна неспособност, била всушност времена, но тој злоупотребил свои роднини началници во МО да добие дијагноза трајно неспособен за да не треба да оди во војска и да не треба да ја брани државата во 2001 година вели Ковачки.