САД укажаа дека сите опции се на маса како одговор на „незаконската инвазија и злосторствата на Русија во Украина“, како и во однос на „лажниот референдум за потенцијална анексија“ на некои области во Украина.
-Продолжуваме со употреба на сите расположливи инструменти Русија да се повика на одговорност и продолжуваме со поддршката за Украина, изјави денеска во телефонски брифинг за новинарите Ведант Пател, заменик портпарол на Стејт департментот.
Тој рече дека во однос на одговорот на „лажниот“ референдум во четирите украински територии Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, како и во одговор на „незаконската инвазија и злосторствата на Русија“ во Украина, „сите опции се на маса“.
-САД никогаш нема да ја признаат независноста на тие територии, изјави Пател.
Извор: МИА