Гостин на една роденденска прослава во Австралија станал оброк на крокодил долг пет метри.
Човекот отишол на прослава на 30-от роденден на својот пријател, за жал, сега веќе починатиот човек со уште едно лице ја препливале реката, а крокодилот го нападнал кога се враќале назад.
Неколку луѓе кои биле на прославата гледале како човекот исчезнува во вилиците на крокодилот, а потоа животното се нурнало во водата – рекол припадник на локалната полиција кој додал дека „реката Мери е позната по најголемата популација на големи, возрасни крокодили на светот, и оти не се плива во таква река“.