(ВИДЕО) Девојка се обраќа на полицајци пред „Информер“: Уапсете ме, знам дека после ова нема да се вработам во оваа земја

Од:

На социјалните мрежи се шири снимка од девојка која им вика на полицајците кои ја обезбедуваа зградата на вчерашниот протест во Белград пред таблоидот Информер. Протестот е организиран поради скандалозно интервју со силувач во кое го прашале што треба да прават жените кога ќе им пријде.

„На вас жената ви е мајка, жената ви е сестра, жената ви е ќерка – а вие дојдовте и го заштитивте Информер! Уапсете ме до утре, знам дека најверојатно после ова нема ни да се вработам во оваа земја. Но вие не навредувате секој ден со тоа што не доаѓате и по три часа кога некој ќе пријави насилство“.

Краткиот, но моќен говор стана вирален на социјалните мрежи, а пораката што ја испрати до полицијата е многу јасна.

Протестот го организираше феминистичкото движење „Женска солидарност“ поради објавување на интервју со сериски силувач кој неодамна беше ослободен. Толпата час и половина го блокираше сообраќајот пред редакцијата и фрлаше со јајца кон зградата.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Притисокот врз малите земји е се поголем и позабележителен, ќе ја продолжиме борбата

Вучиќ: Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница

Вучиќ: Српскиот народ никогаш нема да се согласи на притисоци и бесмислени обвинувања

Србија добива најнови „рафали“, но и Луј Витон и летачко такси доаѓаат во Белград

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Убијците на Данка мислеа дека ќе останат неказнети, овој чин заслужува смртна казна

Горан Наумовски

Вучиќ: На Србија и претстојат тешки денови

Горан Наумовски