Таткото на Федерер: Новак ни предизвика поголема болка од Рафа

Од:

Роберт Федерер, таткото на Роџер, по завршувањето на кариерата на неговиот син, проговори за најтешките порази што ги доживеал Швајцарецот на Грен слем турнирите.

Посебно го апострофираше поразот во финалето на Вимблдон во 2019 година кога Федерер пропушти две меч топки против Новак Ѓоковиќ. Во тој момент Федерер имаше 20, Надал 18, а Новак 15 големи титули.

После тоа, Швајцарецот веќе не беше во ситуација да се бори за трофеј на Грен слем турнирите.

„Новак ни нанесе поголема болка од Рафа. Тој Лондон во 2019 година, кога Роџер имаше две меч топки на сервис, е особено за паметење. Сите ја видовме таа титула во неговите раце“, изјави Федерер сениор.

Роберт Федерер смета дека трите најтешки порази на Грен слем турнирите, Роџер ги доживеал од Ѓоковиќ. И во тие мечеви Роџер не реализираше меч топки.

„Тешки моменти беа полуфиналните мечеви на Ју-ес опен во 2010 и 2011 година против Новак. И тогаш пропушти две можност да ја заврши работата“, изјави Роберт Федерер.

Роџер ја заврши кариерата со 20 Грен слем титули. Надал моментално има 22, а Ѓоковиќ 21.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

Колку ќе заработи Ѓоковиќ од олимпискиот златен медал

Предраг Петровиќ

Србија има медал во Париз: Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Олимписките игри

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ го декласираше Надал и му го нанесе најтешкиот пораз во кариерата на париската земјена подлога