Граѓаните да штедат, а Владата плати 400.000 евра за Саемот на вино во Србија – за Ковачевски нема ништо спорно

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски повика на штедење на електрична енергија, но нема забелешки за потрошените 400.000 евра на Саемот на вино во Србија. Додека најавуваше дека во владиното бифе нема да се јадат октоподи и пастрмки, смета дека е оправдано да се дадат овие пари за реклами по социјални мрежи и поддршка на винарии. Пред јавноста вети дека детално ќе образложи на што точно се потрошени.

„На македонската вечер имаше сигурно над 400 гости од сите држави кои практично се дел од Отворен Балкан, но и држави надвор од регионот. Имавме успешно презентирање на нашата држава, бидејќи во центарот на соседна земја да направите промоција на се што е македонско, тоа е голема работа. Таму постоеше можност за вмрежување, разговор на политичко и економско ниво, имаше претставници од САД и ЕУ. За точните суми, кога ќе бидат обработени фактурите“, вели Ковачевски.

За таканаречената македонска вечер, биле потрошени околу 70.000 евра. Иако нервирате бараа објаснување на што се дадени, не добија одговор. Сепак, Ковачевски смета дека Владата со која раководи е транспарентна.

„Ова прашање јас ќе ви го одговорам. Целата сума вклучува и поддршка за винариите кои беа на саемот. Беа 42 винарии, бевте, видовте. Имавме цела рекламна кампања на македонски, албански и српски јазик. Одеше на социјалните медиуми. Сите фактури откако ќе бидат процесирани, тие се дел од системот Отворени финансии. Ме зачудува фактот што го зборувате за транспарентноста, бидејќи Владата е оценета со 100 проценти ефикасност“, додаде премиерот.

Саемот на вино во Белград се одржа од 1 до 4 септември.

Би можело да ве интересира

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ

Ковачевски: Не е точно дека со ДУИ договараме бојкот на изборите на 8 мај

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Денеска е првиот чекор кон големата одлука

Катерина Ѓуровски