Ковачевски им забрани на министрите да јадат морски плодови, бадеми и лешници во Владата

Од:

Во владиниот ресторан веќе нема да се јадат морски плодови, а од менито ќе бидат тргнати и бадемите и лешниците. Ова го најави премиерот Димитар Ковачевски откако владината Служба за општи и заеднички работи распиша тендер со кој набавува пастрмка, крап, лигњи, октопод и одвојува за нив 20 илјади евра. Ковачевски кажа дека неговата одлука е конечна.

„Со оглед дека и тоа што ќе се нарача, треба да биде платено средствата на граѓаните доколку се работи за службени ручеци или од сметка на тој што сам плаќа, без разлика, при подготовката на мерките за ранливите категории граѓани јас веќе одлучив дека ќе има забрана за користење на морска храна во бифеата, исто така и на бадеми и лешници и тн. За тоа ќе има забрана и тие средства ќе бидат насочени директно за најранливите категории граѓани со ниски примања“, кажа Ковачевски.

За користењето на јадењата од бифеата кои се само за службени ручеци, „А1он“ пишуваше во изминатиот период. За секој ручек, мора да има соодветен извештај. Но, дваесетина фалат кога е во прашање вицепремиерот Бојан Маричиќ, кој се гоштевал додека беше министер за правда. Јадел риби, бифтеци, јунешки мускули. На сметките од рестораните на СОЗР има и гоштевања со по една салата, грав, парче месо. Но, ги нема извештаите од кои треба да се види дали јадел сам или некој друг, или пак, не станувало збор за службен ручек.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ

Ковачевски: Не е точно дека со ДУИ договараме бојкот на изборите на 8 мај

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Денеска е првиот чекор кон големата одлука

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Закани и блокади не враќаат назад во минатото, никој не смее да си поигрува со иднината на државата

Ковачевски: Македонија, нема повеќе време за чекање, нема откажување од иднината