Кремљ: „Специјалната воена операција“ во Украина ќе продолжи се до целосна контрола врз Доњецката област

Од:

Кремљ денеска соопшти дека воената операција во Украина треба да продолжи додека Русија не преземе целосна контрола врз источниот регион Доњецк.

Дмитриј Песков, прес-секретарот на рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека кампањата во Украина ќе продолжи „барем до ослободувањето“ на „Доњецката Народна Република“.

Песков уште посочи дека САД се се поблиску да станат страна во конфликтот во Украина, што според него е „исклучително опасен“ развој на настаните.

Руската страна има негативен став кон изјавата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен за можноста од употреба оружје што САД и го дале на Украина против териториите каде се одржани референдуми за приклучување кон Русија, предупреди тој.

Во врска со изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека „нема за што да се разговара“ со неговиот руски колега Владимир Путин доколку Москва ги признае „референдумите“ во четирите окупирани региони, Песков истакна дека тоа „не е ништо ново“ од украинската страна.

По однос кампањата за мобилизација на 300 илјади резервисти, руски медиуми јавија дека руските државјани чии роднини се ангажирани во состанот на украинските вооружени сили не се ослободени од мобилизацијата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски