Протест пред српскиот медиум „Информер“ поради интервју со повеќекратен силувач: Срам да ви е, монструми

Од:

„Не во медиуми, туку насилници во затвор“, „Срам да ви е“, „Монструми“, „Изгаснете го Информер“ скандира толпата граѓани во Србија, која денес се собра на протест пред седиштето на српскиот медиум „Информер.рс“, кој вчеравечер објави видео интервју со неодамна ослободениот повеќекратен силувач Игор Милошевиќ.

Милошевиќ беше пуштен од затвор месецов, по отслужување на петнаесетгодишна затворска казна поради повеќекратни силувања, грабежи и напади на жени.

„Ако страдаше баба, ако страдаше мама, ние нема!“ Феминистки го гаѓаа Информер со јајца.
Протестот го организираше феминистичкото движење „Женска солидарност“, а во Теразије се собраа околу стотина граѓани со желба да го изразат својот бунт против ваквата акција на еден медиум.

„Како државата ги штити силувачите? Внимавајте како се облекувате, внимавајте како седите, стравот од силување ни е всаден уште од мали нозе. Што може да очекуваат граѓаните на село ако силуваат во центарот на градот. Ги повикуваме институциите на одговорност“, велат учесниците на протестот.

„Женска солидарност“ ги повикува сите јавни и надлежни служби да истражат како се одвивала промоцијата на силувачите и изработката на видеа во кои на силувачот му е дозволено да ги опишува силувањата и експлицитно да стави до знаење дека се уште е опасност за жените.  Како што претходно најави ова движење, ослободувањето на сериски силувач и давање простор во медиумите е „една од низата дехуманизирачки и мизогинистички практики на кои сме сведоци на јавниот простор“.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани