Туширањето е нешто што мора да го направите по каква било физичка работа бидејќи го чисти телото. Но, дали сте знаеле дека туширањето го намалува стресот и помага при процесот на слабеење? Исто така го подобрува имунитетот и здравјето. Еве кои се придобивките од туширање по истрошената енергија:
Хигиена
Прв и најважен е фактот дека туширањето е клучно за одржување хигиена. Потта која ја лачи нашето тело додека вежбаме можеби е знак на добро извршени вежби, но луѓето воопшто не сакат да ја помирисаат. Туширањето е особено битно доколку спортувате и имате контакт со друго лице. Ова се однесува и на пливачите бидејќи хлорот во базените може да ја оштети вашата коса и кожа ако не се истуширате по пливањето.
Закрепнување
Ден по вежбањето можете да почувствувате болка позната како мускулна треска. Оваа треска може да се спречи доколку се истуширате со ладна вода која ќе тече директно на мускулите. Некои атлетичари практикуваат бања со мраз. Ако вежбате секојдневно или повеќе пати во еден ден ова е од витална важност и ако го практикувате веќе нема да ја почувствувате мускулната треска.
Губење на тежината
Доколку вежбате за да ја намалите вашата тежина, тоа ќе го направи и ладниот туш. За да издржите под ладна температура, вашето тело со самото прилагодување губи повеќе калории. Доколку туширањето со ладна вода не ви е пријатно, дури и најмлаката вода може да ја зголеми енергијата на вашето тело и да го зголеми мускулниот тонус.
Туширањето со ладна вода придонесува до испуштање на антиоксидантот наречен глутатиот кој го зголемува вашиот имунитет.